Хаос во Гостивар: Неофицијално Потук го нема две недели, исписници за Василев, Симоновски и Чешмеџиев?

2324

Што навистина се случува во Гостивар? Како што велат нашите информации, во овој прволигаш се случува хаос, барем во тимот. Како прво никој не знае каде е капитенот и најдобриот фудбалер Алпер Потук. Интернационалецот од Турција веќе две недели го нема.

Како второ незадоволен од досегашните резултати на својот тим, сопственикот на клубот ги повикал Васко Василев, Марко Симоновски и Константин Чешмеџиев и им рекол дека веќе не смета на нивните услуги. Потоа им дал исписници и им ги исплатил сите плати до јуни.

Секако дека ова е неофицијално, очекуваме од Гостивар официјална потврда на овие наши информации.

Од друга страна не се знае и што со тренерот Мерт Нобре, дали тој и натаму ќе го води тимот на Гостивар.

Ова доаѓа и по малку очекувано, ако се знае дека Гостивар, кој има убедливо најголем буџет во ПМФЛ, има лоша пролетна полусезона. Најавите беа дека се оди барем на една титула и излез во Европа, но во Купот беше елиминиран во 1/4 финалето а во првенството Гостивар е на 4.место на табелата со -6 бода во однос на лидерот Шкендија.

ПретходноРакометот се враќа на терен – последно коло од Супер-лигата: Вардар ќе настапи во темни дресови!
СледноЗа Кочани – Арената е распродадена