Вардар и Тиквеш го одиграа заостанатиот меч од 20 коло во Првата лига. Ова беше пресметка на два тима од долниот дел од табелата, а како победници излегоа гостинските кошаркари кои славеа со 77-94. Ова значеше дека „црвено-црните“ одат во Втора лига.
Овој меч почна во 16 часот, а заврши три часа подоцна поради порблем со семафорот во салата „Независна Македонија“. И истиот почна со минута молк во чест на загинатите во пожарот во Кочани.
Тиквеш ја најави победата во првата четвртина која ја доби со 22-32, а на одморот беше подобар со 37-51. До крајот не се промени ништо, домаќинот успеа да ја добие третата четвртина со 20-17, но тоа не беше доволно за нешто повеќе.
За Вардар ова беше 20 пораз сезонава, додека Тиквеш ја запиша 9-та победа, има и 11 порази.
Андерсон и Хил го предводеа гостинскиот тим со по 21 поен, кај домаќинот Младеновски имаше 19 поени.