Алкалоид го победи ГРК Охрид и ги реши сите дилеми околу врвот

351

Алкалоид со победа го затвори регуларниот дел од Супер-лигата, на домашен терен го совлада ГРК Охрид со 29-26 (17-12). Триумфот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија значи дека Пелистер ќе пренесе три бода во плеј-офот, додека Алкалоид и Вардар по два.

Серафимов со осум гола беше прв стрелец, зад него со шест погодоци беше Ивановски. На другата страна Орјоникидзе имаше девет гола.

Лазаров и неговите момци одиграа уште еден добар меч во краток период после дуелот со Баја Маре во четвртфиналето на ЕХФ Купот на Македонија, кој заврши со реми на гостински терен. Овие резултати се голем плус особено ако се земе во предвид дека Марко Митев до крајот на сезоната ќе биде надвор од терените.

Избраниците на Кирил Лазаров го отворија мечот со 4-1, на другата страна противникот врати со 5-0 серија за 4-6. По изедначена битка, Алкалиод успеа повторно да го превземе водството и да дојде на плус четири (13-9 и 14-10), а потоа на одморот да замине со највисоки плус пет (17-12).

Во вториот дел следеше нов пресврт. ГРК Охрид со серија од 1-6 изедначи на 18-18 и најави интересна битка. Некаде во 47 минута, домашниот тим дојде на плус три (24-21). Ивановски на седум минути до крајот реализираше за 27-23, по што Алушовски повика тајм-аут. Истиот не донесе промена во играта, бидејќи Трајковски беше одличен на голот. Серафимов од седум метри на две минути до крајот потврди дека овој меч ќе заврши со победа на Алкалоид, реализираше за 29-24.

Со овој меч завршува оваа фаза од шампионатот, следи битката за титулата.

ПретходноВинисиус: Не знаеме што правиме на теренот, не сакам да губам
СледноРаботнички го победи Куманово и се искачи на второто место на табелата