Винисиус: Не знаеме што правиме на теренот, не сакам да губам

163

Ѕвездата на Реал (М), Винисиус Јуниор бара промени во репрезентацијата на Бразил. Избраниците на Доривал Јуниор синоќа претрпеа тежок пораз од Аргентина во квалификациите за СП 2026 година, откако на гости загубија со 4:1.

„Треба да преиспитаме сè. Денес влеговме во соблекувалната и немавме за што да разговараме. Треба малку да размислиме што направивме на теренот. Игравме многу лошо, а Аргентина одигра многу добро пред своите навивачи. Треба да преиспитаме се што правиме… Потребна е промена. Настапив на Светско првенство и загубив. Не сакам повторно да губам“, изјави крилниот напаѓач на Бразил.

Бразил е четврти на табелата меѓу јужноамериканските репрезентации кои се борат за настап на Мундијалот во 2026 година.

 

ПретходноХаос во Тетово: Прекин на дербито Тетекс – Влазрими откако гостите го нападнаа судијата Младеновски! (ВИДЕО)
СледноАлкалоид го победи ГРК Охрид и ги реши сите дилеми околу врвот