Во Холандија ќе се игра градско дерби без судии!

282

Во Холандија утре, од 20 часот, во градот Хелмонд ќе се одигра градското дерби во кое силите ќе ги одмерат Брандеворт и Де Брак. Ништо чудно, играле два тима од ист град. Чудно е што на овој меч на барање на двете екипи нема нема да има судии. Самите играчи ќе ја делат правдата.

Секако дека ова е сензационално иако станува збор за аматерски клубови.

Значи ќе нема главен судија, помошници, нема да има ВАР, нема да има картони, играчите само ќе се бараат слободни удари, корнери и слично.

Да видиме на што ќе личи тоа, во секој случај ќе биде интересно.

Се најавува голема посета, а ова се прави со цел да нагласи важноста на фер-плејот и коректното однесување сметакјќи на тоа дека во последно време загубен е спортскиот дух.

ПретходноМиовски втор најдобар стрелец по две кола од квалификациите за СП 2026 (ФОТО)
СледноЕвролига: Ц. Звезда го прегази Виртус, ПАО славеше над Макаби