Димитар Димитриоски по завршување на сезоната и дефинитивно ќе си замине од Валјадолид. Македонскиот ракометен интернационалец и самиот потврди дека во следната сезона нема да биде дел од овој шпански ракометен клуб.
Димитриоски три години е дел од Валјадолид, но денеска со објава на социјалните мрежи потврди дека следните месеци до крајот на тековната сезона ќе му бидат последни во дресот на овој клуб:
„Од првиот ден овде се чувствував како дома, од првиот ден сите се боревме како големо семејство. Валјадолид ми даде толку многу во мојата кариера и сакам само да кажам – Ви благодарам на сите. Сега, по три години, дојде време за разделба, но ова не е порака за збогување, ќе се видиме наскоро повторно. Еднаш син гладијатор, засекогаш син гладијатор“ напиша македонскиот ракометар.