Тага за два бода, за големата победа над Велс, перфектен старт и Mундијалски сон… Македонија одигра 1:1 со Велс во драматичен финиш во кој поведовме со поклон во 91.минута и реализацијата на Миовски. Славјето во Скопје се урна во 96.минута кога гостите со сета среќа на целиот свет стигна до 1:1 и радост како да се пласирале на Мундијалот.
Но јавноста во Македонија треба да знае кој е големиот херој од овој мартовски прозорец од квалификациите за СП. Патуваше 30 часа од Кина, на свој ризик дојде за националниот тим и покрај проблемите со повреда на грбот и препораките дека требаат уште десет дена да биде фит. Исник Алими! На свој ризик се качува во авион од Кина, патува со повреда во грбот 30 часа за да и помогне на својата репрезентација. Тивкиот борец од средниот ред е главна карика во стартните единаесет на Благоја Милевски. Тој е стратер во Лихтенштајн каде во првиот дел врз него има хорор старт врз зглобот за црвен картон. Лекарскиот тим реагира, го бандажира и го „стега“ да остане на терен до крајот на полувреме со перфектна оценка, и асистенција за голот на Муслиу за мирна предност и сигурен финиш во Вадуц.
И кога сите мислеа дека ќе го немаме за Велс, повторно истиот тој Исник Алими на свој ризик прифаќа да се бандажира, да игра со инјекција и да помогне на дуелот со Велс. Машки издржа до 60 минута до кога перфектно се справи со опасниот и скап среден ред на Крег Белами! Издржа, малку одмор и нови 30 часа лет до Кина со истата болка во грбот, но сега и со повреден зглоб но и со полно срце! Си оди во клубот до победа и големо реми но и со заслуги од комплетната фудбалска јавност за големата храброст.
Секоја чест Исник Алими!