Македонија доби нов ракометен клуб – ЖРК Атлетик!

206

Во ракометна Македонија формиран е нов женски ракометен клуб – ЖРК Атлетик. Интересно е тоа што во него се вклучени неколку поранешни ракометарки на Вардар како Ина Суслина и Татјана Хмирова, а тука се и Тања Андреева, Ана Стојков како Извршен директор.

Претседател е Горан Стојков.

Ви го пренесуваме во целост соопштението на ЖРК Атлетик:

Почитувани,
Би сакале да ве информираме дека формиравме женски ракометен клуб под името ЖРК Атлетик, кој има за цел да игра водечка улога во развојот на младите талентирани ракометарки во Македонија. Преку соодветни и правилни тренинзи, модерни методи и однапред дефинирана програма на функционирање, клубот се стреми да биде расадник на голем број идни репрезентативки на нашата држава. Со вклучување на млади и амбициозни поранешни репрезентативци, а сегашни ракометни работници, ќе создадеме здрава средина на вистински спортски вредности, без фаворизација, со еднаква можност за докажување на теренот и надвор од него.
Како се ова би го направиле и реализирале на најпрофесионално и највисоко ниво, структурата која ќе го овозможи сето тоа се состои од следниве лица, кои забележале доста значајни успеси како на тимско поле, така и на репрезентативно.

ПРЕТСЕДАТЕЛ Горан Стојков,

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ Дејан Блажески,

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР Ана Стојков,

СПОРТСКИ ДИРЕКТОР Инна Суслина,

ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР Михаела Митреска,

ГЛАВЕН ТРЕНЕР Татјана Хмирова,

АСИСТЕНТ ТРЕНЕР Ивана Велковска,

ТРЕНЕР НА ГОЛМАНИ Тања Андрејева,

КОНДИЦИОНЕН ТРЕНЕР Дејан Пецаковски,

ФИТНЕС ТРЕНЕР Марија Дурљанова,

ФИЗИОТЕРАПЕВТ Нина Димковска,

СПОРТСКИ ПСИХОЛОГ Кирил Насков.

Ана Стојков, Извршен директор:

“Со големо задоволство ви го најавуваме проектот кој го смисливме со многу голема љубов и желба, проект за кој веруваме дека ќе биде нешто посебно во женскиот ракомет, клуб на кој сите ќе бидеме горди.
Стекнатото искуството во Европскиот женски ракомет преку најелитното натпреварување во Европа, ЕХФ лигата на шампиони во годините наназад заедно со нашиот стручен тим на клубот ќе ни овозможи полесно да ги оствариме зацртаните цели со исклучиво наши Македонски играчи. Целта е јасна, преку сите овозможени услови за работа да се создадат врвни ракометарки со кои достоинствено ќе ја претставуваме Македонија на Европска сцена.”

Татјана Хмирова, Главен тренер:

“Пресреќна сум што сум дел од овој прекрасен нов проект ЖРК Атлетик, клуб со позитивна и перспективна иднина и прекрасни луѓе.
Мислам дека имаме одличен тренерски колектив со свежи идеи и мисли, подготвен да даде 200% од себе.
Нè очекува многу работа, со нетрпение го очекувам почетокот на сезоната.”

Во пресрет на новата сезона 2025/26 и во врска со отворањето на новиот женски клуб како и повеќе информации за истиот, можете слободно да не контактирате во било кое време.

Со почит,

АТЛЕТИК

Женски ракометен клуб

ПретходноФФМ со благодарност до сите присутни синоќа на Арената
СледноЏирона се пофали со Миовски и повторно на македонски: Која прослава Бојан! (ФОТО+ВИДЕО)