Миовски втор најдобар стрелец по две кола од квалификациите за СП 2026 (ФОТО)

233

Македонскиот фудбалски репрезентативец и голгетер, Бојан Миовски, се најде на делба на второто место на листата на најдобри стрелци во европските квалификации за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Миовски постигна по еден гол на дуелите со Лихтенштајн и со Велс и е во друштво на Халанд, Хари Кејн… и уште четворица стрелци кои по две одиграни кола во европските квалификации имаат по два постигнати гола.

Засега лидер на листата со три гола во првите два меча е чешкиот репрезентативец Патрик Шик.

ПретходноРаботнички го победи Куманово и се искачи на второто место на табелата
СледноВо Холандија ќе се игра градско дерби без судии!