Неверојатно: Трент Александер – Арнолд уште пред две години се договорил со Реал Мадрид!

580

Се чини дека и дефинитивно Трент Александер – Арнолд во јуни и дефинитивно ќе се пресели во Реал Мадрид. Ова е готова “приказна“ и тоа го знаат во таборот на Ливерпул. За ова се свесни и фановите на “Редси“, кои секако дека очекуваа нешто во последен момент да се случи, но и таа последна надеж исчезна.

Она што најмногу ги боли сите во Ливерпул, а посебно фановите, барем според последните информации од Островот, е тоа дека Трент уште пред две години се договорил со “кралевите“. Дон Флорентино Перез инсистирал од него да не потпише нов договор со Ливерпул за да може во јуни 2025 како слободен играч да дојде на “Сантијаго Бернабеу“.

Ова значи дека Ливерпул од овој трансфер нема да добие ништо, ако се знае дека Трент во јуни е слободен играч.

Ете како тоа го прави Дон Флорентино.

ПретходноЌе биде запишан во историјата: Рекордот на Столе застана на 711 минути!
СледноЃоковиќ чисти се пред себе – убедливо до четвртфинале во Мајами!