Во меч од последното, 22.коло во ракометната Суперлига, ракометарите на Радовиш како домаќин, успеаја да го победат составот на Куманово со 28:25 и со тоа да дојдат до втората победа. Сепак и овој триумф на составот на Радовиш не беше доволен да се избегне последното место на табелата на крајот од Суперлигата. И двете екипи ќе играат во плеј – аутот. Радовиш ќе стартува без бодови во оваа фаза а Куманово со два бода.
По неколку резултатски промени во првото полувреме, гостите од Куманово сепак на крајот го добија овој период од натпреварот со 14:16.
Во второто полувреме радовишани заиграа подобро и не само што го добија второто полувреме туку и славеа со конечни 28:25.