Славниот Давид Трезеге, некогашен фудбалер на Монако, Јувентус, Ривер Плата и други клубови, беше и дел од репрезентацијата на Франција која во 1998 година беше светски првак, херојот на Франција од ЕП во 2000 година, направи потег кој ретко кој го очекуваше.
Имено Трезеге, кој има аргентински корени, се кандидараше за претседател на Ривер Плата. Изборите се во декем, а досега тој беше амбасадор на Јувентус.
Трезеге, кој има диплома за спортски менаџмент, во минатото се кандидараше за потпретседател на Ривер Плата, но не успеа во тоа.
Против кандидатот на Французинот, на овие избори, ќе биде Стефано Ди Карло, кој е актуелен генерален секретар на гигантот од Буенос Аирес.