Ѓоковиќ чисти се пред себе – убедливо до четвртфинале во Мајами!

177
Фото: Novak Djokovic @DjokerNole

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами со победата од 2-0 над Лоренцо Музети. Српскиот тенисер овој дуел го доби по еден час и 22 минути борба, во сетови од 6:2, 6:2.

Ѓоковиќ со пласманот во четвртфиналето го продолжи патот до седмата титула во Мајами, а следен ривал ќе му биде Американецот Себастијан Корда, кој претходно го елиминира Гаел Монфис.

За Новак овој меч беше дефинитивно најдобар од Австралија опен, секако еден од најдобрите од Олимпијадата минатата година.

Ова му е 96. Мастерс четвртфинале во кариерата, а повеќе има само Надал со 99.

ПретходноНеверојатно: Трент Александер – Арнолд уште пред две години се договорил со Реал Мадрид!
СледноАргентина без Меси ја наполни мрежата на Бразил (ВИДЕО)