Мајами дојде до убедлива победа против Голден Стејт на домашен терен од 112-86 во првиот меч на Џими Батлер против екс тимот.
Батлер заврши со 11 поени, шест скока, но не беше фактор, стартерите на Голден Стејт искомбинираа два поени во првото полувреме. Бам Адебајо броеше до 27, Херо додаде 20, Хит го контролираше мечот, гостите без Стеф Кари.
Хит пуштија видео во кое му се заблагодаруваат на својот долгогодишен играч пред мечот, додека сите навивачи не беа на своите места, а Џими веднаш по мечот отиде во соблекувалната, не му беше удобно по убедливиот пораз.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Сан Антонио 122:96
Шарлот – Орландо 104:111
Мајами – Голден Стејт 112:96
Њујорк – Далас 128:113
Хјустон – Атланта 121:114
Јута – Мемфис 103:140
Сакраменто – Оклахома 105:121