Денеска ќе биде комплетирано последното 22. коло во Супер-лигата. Во центарот на вниманието е дерби дуелот помеѓу Алкалоид и ГРК Охрид. Исходот од оваа средба не само што ќе биде важен во однос на победата за двата тима, истиот будни ќе го следат најголемите конкуренти за титулата.
Пелистер ќе навива за Алкалоид за да остане прв на табелата и да ги пренесе трите бода, додека пак Вардар ќе навива за ГРК Охрид. Победа или реми за гостинскиот тим ќе значи дека „црвено-црните“ овој дел од шампионатот ќе го завршат први и ќе ги пренесат трите бода.
Што се однесува до Алкалоид и ГРК Охрид, резултатот нема да смени ништо во однос на табелата и пренесувањето на бодовите за плеј-офот. Треба да се напомене дека Кирил Лазаров и неговите момци имаа кратко време за подготовка после мечот со Баја Маре во рамките на 1/4 финалето во ЕХФ Европскиот Куп, дуел кој заврши без победник. Во составот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија нема да биде Марко Митев, кој поради тешка повреда е надвор од теренит.