Евролига: Ц. Звезда го прегази Виртус, ПАО славеше над Макаби

72

Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Виртус Болоња во меч од 31. Коло во Евролигата и тоа со преубедливи 88:52 и останаа во трката з аместо во плеј-офот.

„Црвено-белите“ одиграа извонреден меч и ги оставија гостите од Италија без одговор од почетокот до крајот на мечот. Ова беше 18-та сезонска победа и сега мирно го оекуваат Реал за да останат во добра позиција во борбата за плеј-офот.

Дејан Давидовац постигна 17 поени, Филип Петрушев 16 и беа најефикасни во домашниот тим. Шенгелија имаше 13, а Вил Клајбурн 12 во составот на Виртус.

Вечерва Анадолу Ефес ја совлада Басконија со убедливи 92:76, додека во последниот меч меѓу Макаби ТА и Панатинаикос, победата им припадна на гостите кои славеа со 92:99.

ПретходноВо Холандија ќе се игра градско дерби без судии!
СледноКинезите бараат уште една трка во Формула 1!