Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи на ИТФ фјучрс турниот М15 Опатија. Тој денеска оствари победа во мечот од првото коло против Кејн Бонсах Генлеј од Данска со 2-0 во сетови (64 75) за 103 минути игра. Ивановски имаше максимален учинок на брејк топки односно од двете прилики – двете ги искористи, додека успеа да спаси шест брејк шанси на противникот. Во вкупниот број поени во изедначениот меч скорот беше 74:64 за Ивановски.
Во првиот сет првите возбудувања беа во третиот гем кога ривалот на Ивановски ја имаше првата брејк топка, која нашиот тенисер ја спаси. Двајцата играчи нема проблеми со освојување на гемот на свој сервис се до 10.тиот гем кога Ивановски ја искористи првата брејк топка и го доби сетот со 6:4 во гемови за водство од 1-0 во сетови. Слична беше сликата и во вториот сет, повторно во третиот гем данскиот тенисер имаше дури пет брејк топки, кои Калин успеа да ги спаси. Во овој сет во 12.гем Ивановски направи брејк искористувајки ја брејк топката број 2 која беше воедно сет-меч топка за македонскиот тенисер. Вториот сет заврши со резултат 7:5 во гемови.
Во второто коло Ивановски за противник го има шестиот носител Вјачеслав Биелински од Украина (21 година, 540 место АТП листа), кој го освои турнирот во Ровињ што се играше претходната недела. Биелински во првата рунда го совлада Нејтан Блохин од САД со 2-0 во сетови (63 60).