Порака до репрезентативците: Главата горе, приказната продолжува

230

Синоќа репрезентацијата на Македонија на Арената Тодор Проески во Скопје го одигра вториот квалификациски дуел од Мундијалската кампања. Имавме се во своите раце до шестата минута од судиското продолжение кога Брукс ја искористи грешката во нашата одбрана и изедначи на 1:1.

Ни ги одзема двата победнички бода кои веќе ги впишавме со голот на Миовски неколку минути порано. Не требаше да биде вака. Требаше да бидеме наградени за лавовската борба пред повеќе од 25.000 навивачи на Арената. Победата ќе беше меле на раните кои овој народ ги прими со трагедијата во Кочани.

Сепак, Фудбалската Федерација постирајќи го голот на Миовски предмалку им порача на репрезентативците дека се наши хероји и со ова реми и дека мора да ги држат главите горе. Приказната на фудбалската репрезентација продолжува. Не само што продолжува туку само што започна.

ПретходноГолеми промени во Реал: Го донесоа Александар-Арнолд, а веќе пристигнува еден од најдобрите дефанзивци!
СледноПретседателот на ПСЖ постави рекорд!