Кошаркарите на Работнички славеа против Куманово со 80:72 во последниот меч од 20. коло во домашниот кошаркарски шампионат. Вечерва, момците на Самарџиев имаа тотална доминација во првото полувреме, кога практично и ја направија разликата за да дојдат до 13-тата победа оваа сезона со која успеаја да се пробијат на делба на второто место на табелата, веднаш зад шампионот МЗТ Скопје.
Во првите 20 минути Работнички одигра цврсто во одбраната и дозволи да прими само 37 поени. Тоа беше и предуслов за мирно второ полувреме, во кое гостите сепак, успеаја делумно да с евратат во игра, а во последната четвртина во завршните минути и да се понадеваат на подобар резултат. Сепак, Работнички рутински ја заврши работата и успеа да дојде до нова победа.
Манигалт со 17 поени беше лидер во домашниит тим, каде Роше и Дубински постигнаа по 13 поени. Кај МКК Куманово најефикасен беше Радукиќ со 27 поени. Кумановци со овој пораз останаа на делба на 4. место со Кожув и Пелистер.