Фановите на Реал во шок:„Мојата прва љубов е Ливерпул, а мој втор клуб е Барселона“!

796
0

Се чека само на официјална потврда од Реал Мадрид за Трент Александер – Арнолд. Десниот офанзивен бек на Ливерпул и репрезентацијата на Англија веќе има договор со “кралевите“ и по завршување на сезоната ќе се пресели на “Сантијаго Бернабеу“ и ќе биде дел од ѕвездениот тим на Реал Мадрид.

Сепак, како и секој човек и фудбалер, Трент има мрачно минато кое никако нема да им се допадне на фановите на Реал Мадрид.

Еве како Трент во 2021 изјавуваше:

Јас сум дете на Ливерпул и затоа мојата прва фудбалска љубов е овој клуб, а мој втор клуб е Барселона. Фан сум на Барса уште од мали нозе. Пораснав гледајќи ги Меси, Чави, Иниеста…“ кажа тогаш Трент.

Интересно во секој случај за фановите на Реал кои се во шок.

ПретходноЕве кои играчи и тренери имаат највисоки плати во ПЛ! (ФОТО)
СледноРадовиш со подобра игра во второто полувреме го победи Куманово!