Анхел Марија Виљар се соочува до петнаесет години затвор

96

Обвинителството во Шпанија, поднесе акт против поранешниот прв човек на шпанската фудбалска федерација Анхел Марија Виљар, со кој што доколку биде осуден му се заканува затвор до 15 години.

Виљар се терети за класична корупција односно за скучување на штетни договори во периодот од 2007 до 2017 година и во кои што е направена наводна штета од 4.5 милиони евра.

Во целиот обвинение вклучени се и уште осум лица, меѓу кои и неговиот син Горка Виљар, за кого се бара седумгодишна казна.

Виљар постариот, кој неколку дена беше во истражен притвор, се соочува со обвиненија за злоупотреба при договарање спонзорство и комерцијални зделки, фалсификување документи, а освен 15 години затвор, обвинителството бара и парична казна од еден милион евра.

Хуан Падрон, еден од соработниците на Виљар во тоа време се соочува со истите обвиненија.

 

ПретходноКам бек на Јунузов со гол во дресот на Утрехт (ВИДЕО)
СледноПознат распоредот за остатокот од ракометната сезона, Вардар и Алкалоид ќе го отворат плеј – офот