Како што предмалку беше и официјално објавено од страна на раководството на РК Пелистер, нашиот шампион се засили со интернационалецот од Бразил, Рудолф Хекберт. Станува збор за ракометар кој има 31 година и е член на репрезентацијата на својата земја.
Игра на десната крилна позиција и е стрелец на 300 голови за својата репрезентација. Рудолф Хекберт со Пелистер потпишал двегодишен договор.