ГРК Охрид се засилува со уште еден ракометар од Бундеслигата!

389
0

Како што пренесува порталот “Балкан – Хендбол“, амбициозното раководство на ГРК Охрид се засилува со уште еден одличен ракометар од Бундеслигата. Станува збор за Хрватот Анте Иванковиќ кој е повремен репрезентативец на својата земја и кој се сега го носи дресот на Штутгарт. Тој ќе биде вториот ракометар од најсилната лига во светт кој ќе го носи дресот на Охрид по Словенецот Тиле Стрмљан.

Очигледно е дека ГРК Охрид и тоа како има големи амбиции за следната сезона и тоа како има намера да им парира на Алкалоид, Пелистер и Вардар.

Познато е дека во наредната сезона тренер на овој тим ќе биде Борис Ројевиќ.

ПретходноПотврда од ПСЖ: „Добивме понуда за учество во европската НБА лига!“
СледноБразилецот Хекберт е ново име во Е. Пелистер! (ФОТО)