И официјално, од денеска Игор Тудор е нов шеф стратег на Јувентус. Откако Тиаго Мота доби отказ, Хрватот како некогашен играч на гигантот од Торино, ја прифати понудата и сега е веќе шеф во Јуве.
Да потсетиме дека во комбинација беше и Роберто Манчини, но сепак раководството на Јуве му ја даде довербата на хрватскиот стратег.
Како што е обичај, на промоцијата Тудор му се заблагодари на раководството на клубот, кажа неколку андегдоти поврзани со негови соиграчи од времето кога беше играч на овој клуб, сепак се чини најинтересно е тоа што го кажа за разговорот со Лилијан Тирам, некогаш славниот играч на Јуве и репрезентативец на Јуве. Познато е дека едниот син на Лилијан игра во Интер,а вториот во Јувентус.
“Вчера разговарав телефонски со Лилијан Тирам. Тој од мене побара ако неговиот син Кефрен, направи нешто погрешно веднаш да му удрам неколку шлаканици“ посочи Хрватот.
Инаку Игор Тудор ќе биде на клупата до крајот на сезоната и ќе го предводи тимот на СКП во јуни.