Кам бек на Јунузов со гол во дресот на Утрехт (ВИДЕО)

332

Потенцијалниот македонски младински репрезентативец, Мелих Јунузов по единаесет месеци пауза повторно е на терен, во дресот на Утрехт. Операцијата на вкрстените лигаменти е минато, крилниот напаѓач е повторно на терен. Лекарскиот тим кој што се грижеше за неговата рехабилитација даде зелено светло за негов кам бек, а Јунузов го направи тоа на најдобар можен начин.
Со гол. По само дваесетина минути откако влезе во игра, Јунузов постигна ефектен гол во негов стил, со продор по крилината позиција, и одмерен удар во спротивниот агол.

Со Мелих Јунузов, инаку досегашен репрезентативец на Холандија, Фудбалската Федераицја на Македонија веќе обави првични разговори за да го промени националниот дрес, а во периодот кој следува очекуваме тој да добие и официјален повик за некоја од селекциите на Македонија.

ПретходноБенто повеќе не е селектор на ОАЕ: Им донесе уште една победа, па му врачија отказ
СледноАнхел Марија Виљар се соочува до петнаесет години затвор