Комплетирано претпоследното коло: Градското дерби за Јанта Волеј

68

Одложените средби од домашното одбојкарско првенство во женска конкуренција беа одиграни во изминатите неколку дена, со што беше комплетирано и претпоследното коло во втората фаза од шампионатот. Шампионот Работнички го загуби дербито со екипата на Јанта Волеј, додека Наковски Волеј оствари убедлива победа над Фит Фан Волеј.

Во лигата за опстанок максимални победи за Струмица и Младост УГД. До крајот на регуларниот дел од сезоната останува само уште едно коло, по што следува полуфиналето од плеј-офот.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / Втора фаза 1 – 5 коло

Наковски волеј – Фит фан волеј  3:0  (27:25, 25:17, 25:20)

Работнички – Јанта волеј – КВ     2:3 (21:25, 25:19, 20:25, 25:23, 11:25)

ТАБЕЛА: 1. Јанта Волеј (53),  2. Работнички (50), 3. Наковски Волеј (48), 4. Фит Фан Волеј (23).

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / Втора фаза 2 – 5 коло

Струмица  – Ускана            3:0 (25:14, 25:16, 25:13)

Младост УГД – Вардар ЕМ           3:0 (25:17, 25:10, 25:14)

ТАБЕЛА: 1. Младост УГД (35), 2. Вардар ЕМ (24), 3. Струмица (19), 4. Ускана (9)

ПретходноЊукасл ќе го добие Куанса како дел од трансферот на Исак на „Енфилд“
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА ГО СЛАВИ УСПЕХ НА ЈАНА АТАНАСОВСКА