Вечерва се одиграа уште два први меча од 1/8 финалето во ракометната Лига на Шампиони.
ПСЖ на Раул Гонзалес на гостувањето кај ПИК Сегед успеа да дојде до мининална победа од 30:31 и со тоа да има предност, па макар и од еден гол за реваншот на свој терен.
До средината на второто полувреме се водеше израмнета борба, резултатот постојано се “кршеше“, на пауза се замина со предност на гостите од 13:14, но дури тогаш ПСЖ успеа да одигра подобро и на крајот да победи.
На вториот меч, кој се одигра Висла Плоцк и Нант, славеше домашниот состав со 28:25.
Во текот на целиот меч полскиот тим беше подобар, на пауза се замина со пет голови предност (17:12), за да во второто полувреме Нант ги вложи сите сили колку толку да ја намали разликата, но само успеа да дојде до -3.