Мечот меѓу Барселона и Осасуна кој требаше да се одигра на 9 март и кој беше одложен поради смртта на клупскиот доктор на Барса, се одигра вечерва и заврши со резултат 3:0 за лидерот на табелата.
Иако Ханси Флик во нападот и тоа како комбинираше, Левандовски започна од клупата а Рафиња не ни беше во записникот, сепак овој тим ја покажа сета своја моќ. Па така со оваа победа Барса сега има +3 бода во однос на второпласираниот Реал Мадрид и многу подобра гол разлика.
Уште во 11.минута Феран Торес донесе водство од 1:0. Се играше 20.минута кога беше покажан пенал за Барса. Дани Олмо ја презеде одговорноста, но во првиот обид не успеа, но затоа доби и втор обид со оглед на тоа дека имаше предвремено влегување на еден гостински играч во казнетиот простор, ама и голманот истрча предвреме.
Во вториот обид Олмо беше прецизен за 2:0.
Сепак по само неколку минути, тој се пожали на повреда на препоните и мораше да го напушти теренот.
Третиот гол за Барса, за конечни 3:0 го постигна Левандовски кој во меѓувреме влезе во игра.
Треба да се каже дека на овој меч одново Јамал во одредени моменти го искажа сиот свој блескав потенцијал.