Навивачи на Реал Сосиедад една година нема да влезат на стадион поради навреди кон Винисиус

87

Новата епизода на расизам која се случи на натпреварот меѓу Реал Сосиедад и Реал (М) доби разврска. Комисијата која работи на спречување на расизмот на фудбалските терени во Шпанија, осуди двајца навивачи на Реал Сосиедад за расистички гестови кон Бразилецот Винисиус Жуниор во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот.

Според официјалното соопштение на Комисијата двајцата навивачи добија забрана за влез на стадионите во Шпанија на една година, а згора на то аќе платат и парична казна.

Антирасистичката борба на Винисиус Жуниор во шпанскиот фудбал доведе до повеќекратни казни во спортската сфера. Само минатата година навивач на Мајорка беше осуден на една година затвор за расно навредување на играчот на Реал, а четворица навивачи на Валенсија беа осудени на осум месеци затвор поради истата причина.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА ГО СЛАВИ УСПЕХ НА ЈАНА АТАНАСОВСКА
СледноФеликс летово заминува во Галатасарај