Некогашниот претседател на ФФМ и сегашен тренер на Струга ТЛ, прекина натпревар во Трета лига Север!

11624

Како што може да се види од Кометот, натпреварот од 16.коло во Трета лига Север меѓу Еуромилк и Њу Старс не го доживеал својот крај. Овој натпревар кој се одиграл на теренот во Горно Лисиче, бил прекинат во 82.минута откако гостинската екипа се повлекла со образложение дека е незадоволна од судењето.

Инаку во официјалниот записник ова пишува:

Натпреварот е прекинат во 82 ра минута поради напуштање на теренот на гостинската екипа.

Цд то е доставено кај делегатот.

Претставникот од гостинската екипа има доставено изјава/жалба до делегатот“.

Како што дознава “СпортСпорт“, овој прекин или напуштање на теренот од страна на гостите, дошло по директна наредба на некогашниот претседател на ФФМ и сегашен тренер на Струга ТЛ, Илчо Ѓорѓиевски кој е и прв човек на Њу Старс.

Ѓорѓиоски бил на трибината, го следел мечот и кога видел што се случува ја повлекол екипата на Њу Старс и со ова мечот бил прекинат.

ПретходноБлизнаците на Дарен Флечер играат за различни репрезентации
СледноПремиер лигата ќе има мини преоден рок пред светското клупско првенство во САД