Нено и Милано немоќни против Барса, Партизан поразен во Минхен!

100
Фото: Драгана Стјепановиќ

Вечерва се одиграа четири средби од 32.коло во Евролигата. Олимпија Милано на свој терен беше поразена од Барселона со 88:98. Гостите доминираа во текот на целиот меч и на крајот заслужено на крајот се радуваа.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на овој меч доби скромна минутажа, беше на терен само 1.41 минута и не успеа да се запише во листата на стрелците.

Партизан во Минхен против Баерн имаше предност по првото “полувреме“, во игра беше и во третата четвртина, но во последниот период момците на стратегот Жељко Обрадовиќ одиграа катастрофално па на крајот беа поразени со 89:74. Со овој пораз пласманот во плеј-ин сега за Партизан е само теорија.

Претходно Асвел го победи Жалгирис со 88:79, а Олимпијакос беше поразен дома од Монако со 77:80.

ПретходноЛШ – 1/8 финале: ПСЖ на Раул со минимална победа во Сегед, Висла славеше против Нант!
СледноМоќната Барса со убедлива победа над Осасуна, сега е на +3 од Реал, ама остана без Олмо!