Денеска во Рига, престолнината на Летонија беше одржана ждрепката за групите од следниот Евробаскет на кој што покрај Летонија домаќини се и Кипар, Финска и Полска, а истиот ќе се одржи од 27 август до 14 септември. Самата завршница ќе се случи токму во Рига.
Најтешката група ќе биде онаа која што ќе се игра на Кипар, а таму се Грција, Италија, Шпанија, Босна и Грузија.
Србија пак се најде во Групата А, заедно со Летонија, Естонија, Турција Португалија и Чешка.
Група А:
Летонија, Естонија, Португалија, Турција, Чешка, Србија
Група Б:
Финска, Литванија, Шведска, Велика Британија, Црна Гора, Германија
Група Ц:
Кипар, Грција, Босна, Грузија, Италија, Шпанија
Група Д:
Полска, Исланд, Белгија, Израел, Словенија, Франција