Познат распоредот за остатокот од ракометната сезона, Вардар и Алкалоид ќе го отворат плеј – офот

173

Откако заврши регуларниот дел од ракометната сезона во Македонија, денеска беше извршена ждрепката за плеј офот односно плеј аутот за истата да биде завршена.

Она што е интересно е да се напомене дека на самиот старт, односно во првото коло ќе се сретнат екипите на Вардар и Алкалоид. Од друга страна пак, Е.Пелистер кој е актуелен бранител на титулата и кој во оваа фаза влегува како лидер на табелата со три бода, заминува во Кавадарци каде што ќе му гостува на Тиквеш. Бутел Скопје игра против ГРК Охрид.

Првото коло од плеј-офот и плеј-аутот во Суперлигата е на програмата следната среда на 2 Април.

 

 

ПретходноАнхел Марија Виљар се соочува до петнаесет години затвор
СледноСудии за ПМФЛ: Дербито на Македонија за Фуркан Идризи!