Потврда од ПСЖ: „Добивме понуда за учество во европската НБА лига!“

268

Она што се најавуваше со недели, се чини полека ама сигурно и ќе биде вистина. А тоа е дека раководството на НБА има намера на Стариот континет да отвори своја “филијала“. Интересно е тоа што голем дел од сегашните големи клубови не би играле во таа лига, во преден план се разговорите со раководствата или спонзорите на фудбалските гиганти.

Па така денеска ПСЖ излезе со информација дека тие добиле понуда од НБА да земат учество во таа лига.

Со оглед на тоа дека ПСЖ, односно Катарските газди на овој клуб, немаат кошаркарски клуб, пред нив се две опции. Првата е да го купат Париз, тим кај што настапува и нашиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, а втората е да основат свој клуб.

Добивме понуда за учество во европската НБА лига, има интерес од наша страна“ беше кусата реакција од страна на ПСЖ по оваа најнова акција на челниците на НБА.

Интересно е тоа дека ако се биде во ред, оваа лига би стартувала со сезоната 2026/27.

ПретходноИгор Тудор:„Разговарав со Тирам, ми рече ако неговиот син нешто погреши да му удрам неколку шлаканици“!
СледноГРК Охрид се засилува со уште еден ракометар од Бундеслигата!