Формула 1 тимот на Ред Бул денеска го испрати возачот Лијам Лосон во својот втор тим и на негово место го доведе Јуки Цунода.
Цунода дојде од другиот тим на Ред Бул, Расинг Булс. Така тој ќе стане нов тимски колега на актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, додека тимски колега на Лосон во тимот на Рејсинг Булс ќе биде Исак Хајар.
Лосон, кој оваа сезона го замени Мексиканецот Серхио Перез во Ред Бул, беше сменет по само две трки. Новозеланѓанецот заврши на 18. место во квалификациите за првата трка во Австралија, но не ја заврши трката поради несреќа. Минатиот викенд во Кина тој беше последен во квалификациите за спринт и трка, завршувајќи на 14-то, односно 12-тото место.
„Беше тешко да се гледа Лиам како се мачи во текот на првите две трки и колективно донесовме одлука да направиме промена. Влеговме во сезоната 2025 со две амбиции, да ја задржиме титулата кај возачите и да ја освоиме титулата кај конструкторите, а ова е чисто спортска одлука“, рече директорот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.
Сезоната во Формула 1 продолжува со тркачки викенд во Јапонија, а трката во Сузука ќе се одржи во недела на 6-ти април.