Водството на Премиер лигата во соработка со клубовите секако, донесе одлука со која што на почетокот на јуни ќе биде отворен мини трансфер прозорец во Англија. Повод за тоа ќе биде учевството на Челзи и Манчестер Сити на клупското светско првенство во САД на кое што ќе учевствуваат 32 екипи.
Конкретно, трансфер прозорецот ќе се отвори на 1. јуни и ќе трае до 10. јуни. Недела дена подоцна, ќе биде отворен оној регуларниот кој ќе трае од 16. јуни до 1. септември.
Овој формат на одигрувањето на Светското клупско првенство ќе биде премиерно, многумина сметаат дека е порешно, но ФИФА одлучи тоа да биде така.