Раниери демантира:“Гасперини нема да биде тренер на Рома!“

187

Познато е дека по завршување на сезоната, иако има одлични резултати, Клаудио Раниери нема веќе да биде шеф на струката на Рома. Тој тоа во неколку наврати го истакна. Исто така познато е дека меѓу кандидатите кои медиумите во Италија најмногу го “протежираа“ за стратег на „Волчицата“ е Џан Пјеро Гасперини кој и самиот најави дека во јуни и дефинитивно си оди од Аталанта.

Како нов стратег на Рома се споменуваше и Карло Анчелоти, но за тоа има многу мали шанси.

По се овасе огласи и самиот Раниери, тој имаше порака до медиумите:

Гасперини нема да биде тренер на Рома. Пишавте многу имиња, но ниту еден не погодивте. Јас и спортскиот директор Гизолфи ќе составиме список со кандидати и истиот ќе му го предадеме на претседателот, кој потоа ќе избере нов тренер. Рома посакува да се врати на врвот, нема да му биде лесно на новиот тренер, но затоа сме тука да помогнеме“ рече покрај другото Клаудио Раниери.

ПретходноСензационално: Мечот Србија – Албанија нема да се игра во Белград?!
СледноАргентинците во Атлетико Мадрид го убедуваат Енцо Фернандез да дојде на “Метрополитано“!