Сензационално: Мечот Србија – Албанија нема да се игра во Белград?!

4869

Во квалификациите за СП 2026, во групата – К, ждрепката сакаше да се паднат Србија и Албанија, двете земји кои заеднички ќе го организираат ЕП за младинци.

Познато е каква фудбалска историја имаат овие две земји, што се се случуваше во Белград пред неколку години на еден меч.

Токму затоа, барем според пишувањето на одредени новинари во Албанија, мечот од оваа група, кога Србија ќе биде домаќин, најверојатно нема да се игра во Белград.

Демек една од опициите бил Нови Сад. Сепак за ова одлука ќе донесе ФС на Србија, во комуникација со УЕФА. Дали овие сензационални најави ќе се остварат ни останува само да видиме.

Мечот е закажан за 7 октомври, а Белград нема да бил домаќин од безбедносни причини со оглед на тоа дека на стадионот “Маракана“ сигурно ќе има 55.000 гледачи, а во Нови Сад едвај 20.000.

ПретходноМалиот кристален глобус за Хрватска: Зринка Љутиќ е најдобра во слалом за оваа сезона!
СледноРаниери демантира:“Гасперини нема да биде тренер на Рома!“