Симеоне има двојно поголема плата од Анчелоти и Флик, а подобро заработува и од Пеп

1286

Диего Симеоне е најплатениот тренер во Ла Лига. Според истражувањето на францускиот весник „Л’Екип“, меѓу тројцата тренери со највисоки плати во шпанското првенство се и оние на Реал и Барселона.

Сепак, лидерското место изненадувачки го има долгогодишниот предводник на „јорганџиите“, Диего Симеоне, кој има плата од 2,17 милиони евра месечно.

Зад него се најде тренерот на градскиот ривал Реал (М), Карло Анчелоти со месечна плата од 910 илјади евра, па трет е Ханс-Дитер Флик од Барса кој заработува 830 илјади евра месечно.

Интересно е што Симеоне излезе дека е подобро платен и од менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

ПретходноГенијалец: Асистенцијата на Јокиќ за која се зборува (ВИДЕО)
СледноЊукасл ќе го добие Куанса како дел од трансферот на Исак на „Енфилд“