Србинот гази: Новак преку Корда за пласман во полуфиналето во Мајами!

360
Фото: Novak Djokovic @DjokerNole

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, е само на две победи од јубилејниот 100-ти освоен турнир во кариерата. Имено предмалку во меч од 1/4 финалето на Мастерсот во Мајами, Србинот успеа да го победи домашниот тенисер Себастијан Корда со 2:0 во сетови.

Во првиот сет Ноле немаше поголеми проблеми, успеа да го добие со 6:3 во гемови за водство од 1:0.

Сепак во вториот сет беше малку проблематично, па се играше тај – брејк, а таму Ѓоковиќ без некои поголеми проблеми успеа да го добие со 7:4 и со тоа да се пласира во следната фаза.

Сега Новак е на потег, има големи шанси да го освои овој турнир.

Во полуфиналето противник ќе му биде Григор Димитров. Скорот меѓу овие двајца е 12:1 за Новак.

ПретходноМоќната Барса со убедлива победа над Осасуна, сега е на +3 од Реал, ама остана без Олмо!
СледноПортугалија, Шпанија, Англија…:За која репрезентација ќе игра Кристијано Роналдо Јуниор?!