Тимот кој ќе го освои Светското клупско првенство ќе инкасира 125 милиони долари

56

Победникот на првото издание на новиот формат на Светското клупско првенство би можел да добие 125 милиони долари, објави ФИФА. Вкупниот награден фонд на турнирот е 1 милијарда американски долари, а овие пари ќе бидат распределени меѓу 32-те екипи кои ќе учествуваат.

Дополнителни 250 милиони во форма на солидарни исплати ќе добијат клубовите кои нема да учествуваат на ова издание на турнирот. Точната сума за секој тим ќе зависи и од конкретните резултати во групната фаза, во која секоја екипа ќе одигра по три натпревари. За победа ќе се доделуваат два милиони, а од наградниот фонд еден милион ќе донесе реми. Пласман во 1/8 финалето ќе обезбеди дополнителни 7,5 милиони, а во 1/4 финалето уште 13,125 милиони. Пласман во полуфиналето на тимовите ќе им донесе уште 21 милион долари. Победникот ќе добие 40 милиони евра само за победа во финалето, додека поразениот финалист ќе инкасира 30 милиони.

525 милиони од наградниот фонд од 1 милијарда ќе бидат распределени исклучиво за учество на клубовите на првенството.

ПретходноЈокиќ се врати со трипл-дабл, Леброн со звукот на сирената за триумф на Лејкерс
СледноГенијалец: Асистенцијата на Јокиќ за која се зборува (ВИДЕО)