УЕФА поведува истрага против Реал Мадрид

338

Европската куќа на фудбалот, официјално отвара истрага против тимот на Реал Мадрид. Причината за тоа е прославата на дел од играчите на „Кралевите“ при Лига Шампиони дуелот против Атлетико Мадрид на гостински терен. Реал го доби тој дуел по изведувањето на пеналите, а потоа наводно, според обвинувањата Рудигер, Мбапе, Дани Себаљос и Винициус славеле директно пред навивачите на Атлетико.

Потегот ајде што е оценет како неспортски, не етички, не коректен, туку во него имало и нешто недозволиво. Истрагата ќе покаже зошто Рудигер ги ставил своите раце на вратот, правејќи гримаса на давење, наводно Килиан Мбапе се фатил меѓу нозете, а Винициус и онака е краток со фитиљот па е обвинет за директна вербална кавга со навивачите.

Секако, ова не е прв пат дуелот на овие вечни градски ривали да има „трето полувреме“ на зелена маса.

 

ПретходноПремиер лигата ќе има мини преоден рок пред светското клупско првенство во САД
СледноГолема победа на Ивановски за 1/4 финале во Опатија!