Јокиќ се врати со трипл-дабл, Леброн со звукот на сирената за триумф на Лејкерс

147

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Милвоки со 127:117 и ја забележаа 46-тата победа сезонава. Никола Јокиќ во првиот натпревар по опоравувањето од повредата забележа трипл-дабл со 39 поени, 10 скока и 10 асистенции. Дабл-дабл учинок забележаа Мајкл Портер Јуниор со 23 поени и 10 скока и Кристијан Браун со 19 поени и 10 скока.

Најефикасен кај Милвоки беше Брук Лопез со 26 поени.

Вашингтон ја совлада Филаделфија со 119:114 на гости, прекинувајќи ја серијата од пет порази, а Лос Анџелес Клиперс на гости го совладаа Њујорк со 126:113, забележувајќи го шестиот триумф во последните седум натпревари.

Најефикасен кај Клиперси беше Џејмс Харден со 29 поени.

Торонто го совлада Бруклин со 116:86, додека Лос Анџелес Лејкерс ја совлада Индијана со 120:119 со кошот на Леброн Џејмс со звукот на сирената. Најефикасен кај Лејкерси беше словенечкиот ас Лука Дончиќ со 34 поени.

Бостон предводен од Кристапс Порзингис кој постигна 30 поени го совлада Феникс со 132:102.

ПретходноСлавниот Трезеге се кандидираше за претседател на Ривер Плата!
СледноТимот кој ќе го освои Светското клупско првенство ќе инкасира 125 милиони долари