Њукасл ќе го добие Куанса како дел од трансферот на Исак на „Енфилд“

879

Њукасл е заинтересиран за дефанзивецот на Ливерпул, Џерел Куанса и би можел да го стави во игра како дел од евентуалниот трансфер на Исак на „Енфилд“.

„Страчките“ се убедени дека Ливерпул би можел да го продаде дефанзивецот за 30 милиони фунти плус бонуси, сума која може да биде дел од евентуалниот договор за продажба на шведскиот напаѓач Исак во редовите на „црвените“.

Јасно е дека Њукасл за Исак ќе бара над 120 милиони евра, па добар дел од оваа сума Ливерпул може да ја покрие со испраќање на дефанзивецот на „Ст. Џејмс Парк“.

ПретходноСимеоне има двојно поголема плата од Анчелоти и Флик, а подобро заработува и од Пеп
СледноКомплетирано претпоследното коло: Градското дерби за Јанта Волеј