Александар Ристевски пред „Дербито на Македонија“: Респект за Вардар, но Пелистер оди по трите бода! (ВИДЕО)

275

Утре од 15 часот на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола, во рамките на 25.коло од тековната сезона, се игра “Дербито на Македонија“ и тоа трето во оваа сезона.

Јасно е дека кога се игра ова најголемо фудбалски дерби во Македонија, барем од спортски аспект, се друго е во втор план.

Во пресрет на утрешното дерби, свој коментар има дефанзивецот на битолчани, Александар Ристевски:

Утре се игра најголемото дерби во македонскиот фудбал Пелистер – Вардар. Горд сум што ќе го носам дресот на Пелистер и ќе се борам за клубот и за градот. Сигурно дека мотивацијата нема да изостане, ќе биде на највисоко ниво. Секако дека Вардар максимално го респектираме и почитиваме, но утре одиме на три бода. Утре играме за град, за клуб, за навивачи и за нас“ заврши Ристевски.

ПретходноНов момент во преговорите меѓу Салах и Ливерпул
СледноШампионот победнички на гостувањето кај Феникс 2010!