Браво Калин: Македонецот преку Колар до полуфинале во Опатија!

98

Уште еден одличен настап, уште еден одличен меч на нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски. Попладнево во четвртфиналето на турнирот во Опатија, Македонецот успеа со 2:0 во сетоби да слави против Здењек Колар од Чешка и со тоа да оствари пласман во полуфиналето на овој турнир.

Во првиот сет Калин беше многу подобар од својот противник и успеа да го добие со 6:3 во гемови. Во вториот сет нашиот тенисер имаше негатива од 1:3 и 2:4 во гемови, но сепак успеа да го добие и овој сет откако во тај-брејкот славеше со 7:4.

За пласман во финалето, утре во меч од 1/2 финалето во Опатија, Калин Ивановски ќе се бори против Михаил Врбенски од Чешка.

ПретходноЈана Атанасовска со одличен настап во Италија!
СледноСтајиќ: Беше тешко да се мисли на кошарка