Бразилската фудбалска конфедерација одлучи да го отпушти тренерот Доривал Жуниор, пренесува „ГлобоЕспорте“. Веста треба официјално да биде објавена најдоцна утре. Причината за отказот е секако срамниот поразот од Аргентина (1:4) во јужноамериканските квалификации за СП 2026 година.
62-годишниот Доривал Жуниор ја презеде репрезентацијата во јануари 2024. Неговиот договор беше до крајот на 2026 година.
Бразил има 21 бод по 14 натпревари и е на 4. место во поредокот за СП 2026 година.