Дон Карло во проблеми: Се бара затворска казна од 4 години за тренерот на Реал Мадрид!

610

Тренерот на Реал Мадрид е обвинет дека ја измамил државната каса од еден милион евра и ќе му се суди во среда на 2 април.

Провинцискиот суд во Мадрид за следната среда го закажа судењето на тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти . Обвинителството за него бара затворска казна од четири години и девет месеци, обвинувајќи го за измама на име на данок од милион евра. 

Поточно , Карло Анчелоти  е обвинет дека ја измамил државната каса за 1.062.079 евра во фискалните години 2014 (386.361 евра) и 2015 (675.718 евра), известува Обвинителството во Шпанија.

Од друга страна, даночната агенција веќе му го запленила даночниот долг во износ од 1.217.958,24 евра, бројка која вклучува доплата и камата.

Според Обвинителството , Карло Анчелоти ги прикрил своите приходи од искористување на имиџ правата, бидејќи тврдел дека ги префрлил на други субјекти. Движење кое јавното министерство го смета за фиктивно.

ПретходноСтајиќ: Беше тешко да се мисли на кошарка
СледноВардарецот Спахиу пред “Дербито на Македонија“: Сакаме со бодови да се вратиме од Битола!