Евролига: Шортс со нова брилијантна партија, Реал славеше во Белград

117

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 20 поени и 14 асистенции донесе уште една голема победа за екипата на Париз во вечерашните дуели од 32. Коло на Евролигата. Нашиот плеј беше на чекор до трипл-дабл учинок, но на крајот застана на 9 реализирани скокови во победата на Париз на гостувањето кај Панатинаикос од 98-101.

Во белградската преметка меѓу Црвена Звезда и Реал (М), домашните не успеаја да ја продолжат победничката низа. Реал замина како победник со 72-78 и ги стави белграѓани под притисок во битката за место во ТОП 10.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноБарса останува без Олмо во следните три недели
СледноБаер (Л) со нова победа останува во трката за титулата