Ливерпул се спрема за одмазда: “Редси“ ќе ја активираат откупната клаузула од 100 милиони евра за ѕвездата на Реал!

1861
0

Сега веќе и дефинитивно е јасно дека Трент Алексaндер – Арнолд по завршување на сезоната ќе се пресели во Реал Мадрид. Сите обиди на раководството на Ливерпул да ја задржат својата ѕвезда останаа без успех.Сепак „Редси“ имаат намера и тоа како да му се одмаздат на Реал Мадрид.

Имено Реал има намера да потпише договор до 2029 со Раул Асенсио, стоперот кој во последните месеци и тоа како си ја искористи шансата со блескави настапи во одбрана на “кралевите“. Во тој договор ќе биде вградена и откупна клаузула о вредност од 100 милиони евра и ете ја шансата за Ливерпул да му се одмазди на Реал Мадрид.

Оваа информација ја пренесуваат медиумите во Шпанија, сепак реално ова е тешко остварливо ако се знае дека Дон Флорентино Перез секогаш има некој ас во раковот што се вели.

ПретходноБарселона останува без победа? Осасуна размислува за жалба за прекршување на правилата?
СледноФеникс и МЗТ Скопје на мегдан во невообичаен петочен термин